Десетина илјади луѓе се собраа и годинава на Томатина фестивалот во Шпанија, на кој традиционално се гаѓаат со домати.
Овој фестивал се одржува секоја година, на 29. август, во шпанскиот град Бунјол, на неколку километри од Валенсија.
Оваа година за потребите на фестивалот биле обезбедени 160 тони домат за многубројните учесници. Овој необичен фестивал станал вистинска атракција за туристите.
“Битката” обично трае неколку часа, а по фестивалот улиците на градот се потполно црвени, пишува “Sputnik”.
<iframe width=”640″ height=”420″ src=”https://www.youtube.com/embed/WapAOWggMXM” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>