Фотки направени од Кејт Мидлтон: Принцезата Шарлот тргна во градинка

Преслатката принцеза Шарлот, за прв пат тргна во градинка!

На официјалниот Инстаграм на Кенсингтонска палата, беа објавени фотографии од „големиот“ ден за принцезата.

„Принцот и војвотката од Кембриџ со задоволство ги споделуваат овие две фотографии од принцезата Шарлот во Кензингтонска палата ова утро. Фотографиите се направени кратко пред принцезата Шарлот за првпат да тргне во градинка,“ стои под фотките, кои инаку се дело на Кејт Мидлтон.

Инаку Шарлот е преслатка, облечена во капут и чевлички во црвена боја, како и шалче и ранче во иста розева боја.