Откако во светот одекна информацијата дека Доналд Трамп имал афера со Плејбој зајачица, Меланија на јавните појавувања беше воздржана од покажување емоции и се однесуваше чисто формално.
Се случи Првата дама на САД да не присуствува на неколку заеднички појавувања со претседателот, но очигледно лошите денови се зад нив.
Парот присуствуваше на забава во Флорида каде си разменуваа нежности.
За прв пат по скандалот, Меланија ја допре раката на Трамп додека тој посегна по нејзината нога.
Експертите за говор на тело, нивната појава ја анализираат како помирување.