Од мал остров на Пацификот спасени се тројца мажи откако напишале на песокот огромен знак СОС кој бил забележан од воздух.
Тие се воделе за исчезнати во архипелагот Микронезија речиси три дена, кога спасувачи на австралиски и американски воздухоплови го виделе нивниот знак за помош во неделата, известија вчера од австралиското мнистерство за одбрана.
Тие, најверојатно тргнале од коралниот гребен Пулават со чамец долг 30 седум метри и планирале да поминат 43 километри до коралниот гребен Пулап кога останале без гориво.
Спасувачките локални екипи побарале помош од Австралија, а воен брод кој се враќал кон Канбера од вежби, се упатил кон тоа подрачје и се приклучил кон потрагата.
Исчезнатите мажи се најдени на околу 190 километри од метото од каде тргнале. Најдени се во добра состојба, а австралиски хеликоптер можел да слета на плажа и да донесе храна и вода, по што ќе бидат земени со чамец.