Фотографии од тајната крштевка на Меган Маркл

Меган Маркл и принцот Хари вчера пристигнаа во Бирмингем за да се запознаат со локалните проекти за деца организирани од градот.

Парот беше пресретнат од огромен број обожаватели, а женските погледи беа насочени токму кон модната комбинација на Меган.

Идната кралска снаа носеше сино палто со бели украсни летни, а изгледот беше заокружен со бела ролка и тесни црни панталони, класични салонки и сина чантичка.

А, само неколку дена претходно, Меган беше крстена на интимна церемонија во палатата.

На истата присуствувале принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и принцот Хари.

Крштевката се одржала во Chapel Royal, а била крстена од бискупот Џастин Велби кој има традиција со кралското семејство.