Познатата холивудската актерка Шенон Доерти, позната по улогата на Бренда од „Беверли Хилс“, минатата година дозна дека боледува од рак на дојка.
За жал, Шенон доцна дознала дека е болна од рак, поради што ги тужеше менаџерите, кои и ги проневериле парите за здравствено осигурување.
Актерката не е сама во борбата со подмолната болест, таа ја има поддршката од семејството и од пријателите, а најмногу од мајка си.
„Понекогаш не постои нешто посилно од мајчината љубов која ти помага да ги преживееш тешките мигови. Мамо, ти благодарам што си секогаш покрај мене и што си силна. Те сакам“, напиша Шенон на фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.