Француската полиција уапси неколкумина како осомничени за грабежот врз старлетата Ким Кардашијан што се случи во Париз.
Уапсени беа 17 луѓе од кои 3 се жени, а останатите се мажи.
Двајца од осомничените се трговци со дијаманти.
Што се однесува до жените, полицијата тврди дека се забележани како ја следат Ким во Париз пред грабежот.