Французин нашол љубовен катанец со имињата на Барак и Мишел Обама

Филеас Ле Клеатуор е француски уметник со мисија да ги врати љубовните катанци кои ги нашол на познатиот париски мост Pont des Arts на нивните сопственици.

Во 2014 година, локалните власти изјавија дека катанците се опасни и во 2015 година почнаа да ги сечат. Над еден милион катанци додаваат 45 тони за тежината на мостот, како резултат на што дел од оградата падна.

катанец

Пред да бидат отстранети сите љубовни катанци, уметникот успеал да спаси само 800, користејќи стари клучеви таму каде било можно.

Тој ги објавува на социјалните мрежи со надеж дека ќе биде контактиран од страна на нивните сопственици.

Пред неколку дена тој наишол на еден посебен љубовен катанец, на кој пишува „Мишел и Барак. Вечна љубов “.

мост