Фустан од тантела: Кејт Мидлтон го покажа бременото стомаче

Кејт Мидлтон е во второто тромесечје од својата трета бременост, а како и во претходните две, војводката блеска!

Бремената Кејт се појави на хуманитарната гала која се одржа во Кенсингтонската палата.

Таа се појави во долг, црн фустан со чипка, кој го покажа нејзиното заоблено стомаче.

Кејт е позната по тоа што облеката знае да ја носи повеќе пати, па така и овојпат.

Фустанот од тантела е со потписот на Diane Von Furstenberg, војвоката го носеше и во 2014-та кога беше бремена со принцезата Шарлот.