Стилот на Кендал Џенер сите го обожуваме, па со нетрпение го очекуваме секое нејзино следно појавување.
Синоќа во Њујорк, американското списание „Harper’s Bazaar“ ја прослави 150-годишнината од своето постоење, а на забавата присуствуваше Кендал, како и многу други славни дами.
Реалити ѕвездата шармираше во црна креација со длабоко деколте на модниот бренд „Redemption“ и чевли од Кристијан Лобутин.
Кендал изгледаше прекрасно!