Култниот фустан кој го носеше Мерилин Монро кога му ја пееше песната „Happy birthday“ на американскиот претседател Џон Кенеди е продаден за 4,8 милиони долари на аукција во Беверли Хилс.
Фустанот со боја на кожа, со повеќе од 2.500 кристали, бил проценет на три милиони долари пред да биде понуден на продажба во аукциската куќа „Џулиен“.
Истиот го купил синџирот на музеи „Ripley’s Believe It or Not!“.
Потпретседателот на музејот Едвард Мејер рекол дека верува дека тоа е најсимболичното парче на поп-културата што постои.
Фустанот бил толку тесен, така што, бил шиен на актерката пред да излезе да настапува за Кенеди на 19 мај 1962 година, пред неговиот 45-ти роденден.
Мерилин Монро умрела три месеци подоцна, а Кенеди бил убиен наредната година.