Германец на лотарија 20 години играл исти броеви и освои 1,67 милиони долари

Човекот, чие име не е откриено, упорно ги играл истите шест бројки на „Лото 6 од 49“, кое се извлекува секоја сабота.

Неговите броеви конечно биле извлечени овој викенд, објави лотаријата во Берлин.

Портпаролот на лотаријата изјавил дека играчот истите броеви ги заокружувал од јули 1998 година.

Добитното ливче го платил 6.75 евра, пренесуваат агенциите.