Сите 80 жители на шпанското село Серазалес дел Кондадо станаа милионери, зошто тоа е родното место на Антонино Фернандез.
Тој во 1949 година емигрирал во Мексико и достигнал да биде директор на одборот на Групо Модело, пивницата која го произведува пивото Корона.
-Ние никогаш претходно не сме имале пари. Не знам што ќе правевме без Антонино- вели сопственикот на локалниот бар за медиумите.
Фернандез никогаш не го заборавил своето родно место и дури бил одликуван од поранешниот шпански крач Хуан Карлос за неговите хуманитарни дела.
Фернандез починал годинава, на 99 години, како милијардер.
Во својот тестамент оставил 169 милиони на жителите на Сезарелес, селото во провинцијата Леон, каде бил роден во голема сиромаштија заедно со своеите 12 браќа и сестри.
Секој жител во селото добил околу два милиони долари.