Човековото знаење за науката и технологијата со секоја измината минута се надоградува, но сепак научниците имаат проблеми со некој едноставни работи.
И после толку години тие не можат да откријат зошто секојдневно ги правиме овие едноставни работи.
Зевање
Зевањето на научниците им создава проблем од две причини. Првата е бидејќи тоа нема никаква цел, а втората е заразната страна на зевањето.
Дел од научниците тврдат дека зевањето е предизвикано од ниското ниво на кислород во крвта, но дел од истражувањата потврдуваат дека зевањето може да има спротивен ефект.
Плацебо ефект
Пациентот се жали дека има болки во желудникот, докторот му дава обично апче (на пример витамин) и му кажува дека тоа ќе му помогне. Пациентот не се грижи веќе за тоа, желудникот не го боли, а плацебо успеал.
Ова е наједноставниот пример за овој „феномен“.
Лажни апчиња им се даваат и на пациенти со сериозни проблеми на пример асма или срцево болни.
Медецината отиде до таму што докторите некогаш изведуваат лажни операции на колено, кои се успешни речиси колку и вистинските.
Но, никој нема одговор зошто плацебо ефектот е толку успешен во последните години.
Сонување
Сите се обидуваме да ги толкуваме нашите сонови, но не знаеме речиси ништо за тоа зошто сонуваме.
Теоријата на Фројд вели дека соновите се резултат на несвесни желби, но модерната психологија ги отфрла неговите тврдења.
Една од новите теории вели дека во сонот мозокот се ослободува од непотребните мисли и информации.