Џастин Бибер тврди дека има добра причина за да не се врати на социјалната мрежа Инстаграм.
“Инстаграм е за Ѓаволот. Тоа е пекол, сигурен сум во тоа 90%”, изјави Бибер на концертот пред фановите во Лондон.
Бибер на сцената ги објасни причините зошто ја напуштил популарната социјална мрежа и зошто не планира да се врати.
“Нѐ испраќаат во пеколот и не заклучуваат во Инстаграм сервер”, изјави Бибер на сцената на последниот ден од неговата “Purpose” турнеја.
Пејачот неодамна си ги истетовира зборовите “Божји син” под своите гради, но неговите обожаватели очигледно нема да можат да го гледаат на Инстаграм.