Ги шокираше сите: Ким Кардашијан повторно е платинеста русокоса

Ким Кардашијан низ годините експериментираше со стилот, а кога е во прашање нејзината коса најчесто е црнокоса, но платинесто русата коса и е слабост.

Ова се потврди и со нејзиното последно појавување на кое ги остави сите без зборови.

На модната недела во Њујорк, на шоуто на Том Форд, Ким се појави со платинесто руса коса.

Старлетата на себе носеше „латекс“ црн фустан кој ги истакна нејзините облини.

Ким се појави на уште една ревија каде го промени својот изглед.

Овој пат заборави на екстензиите и латексот, па облече долго палто и го покажа нејзиниот боб.

Како ви се допаѓа?