Инстаграм на својот блог претстави уште една новина и предизвика различни реакции на своите корисници. Имено, апликацијата која е лансирана пред шест години, неодамна ја надмина бројката од 500 милиони активни корисници од целиот свет кои ги следат новите функции, а најновата е именувана „Instagram Stories“ и е неверојатно слична со Снепчет.
Покрај фотографиите и видеата кои можат да бидат објавени на профилот и да останат таму, сега корисникот може да снима кратка видео приказна која ќе исчезне во рок од 24 часа.
Видео приказните ќе бидат поставени на врвот на вашиот „news feed“ за да може лесно да се прегледа, но не може да се остава коментар или да се стави лајк на видеото.
Новата функција засега е достапна за дистрибуција на IOS и Андроид уредите само во САД, конечната оценка ќе биде дадена откако ќе биде достапна во целиот свет.