Ги замолче хејтерите: Ким Кардашијан на насловната на „Форбс“

Ким Кардашијан со години ги краси насловните страни на сите водечки таблоиди и модни магазини, а последно старлетата се појави и на насловната страница на престижниот магазин „Форбс“.

Со тоа уште еднаш покажа дека е вистински мајстор кога стануваа збор за заработување на пари.

Иако никој со сигурност не може да каже која е точната професија на Ким, таа од година во година заработува милиони долари.

ким кардашијан за GQ

Старлетата заработи дури 45 милиони долари од играта „Kim Kardashian: Hollywood app“ која ја лансираше во 2014 година.

Поради тоа престижниот финансиски магазин „Форбс“ ја стави на насловната страница со темата за новите мобилни могули – „луѓе кои заработија милиони на само една видео-игра“.

ким кардашијан игра

Тоа шокираше многумина со насловната на „Форбс“, а верната публика на овој магазин смета дека на старлетата таму не и е место.

По овие критики, Ким не остана должна па им се обрати на хејтерите:

„Толку голема чест за мене е што сум на насловната на „Форбс“. Никогаш не сум ни сонувала дека вакво нешто може да ми се случи и мојот татко би бил горд на мене. Не е лошо за девојка која нема ниту еден тален“.

Од 2014 година кога ја лансираше, нејзината видео-игра до денес остварила приходи од 160 милиони долари, а само оваа година заработила 51 милиони долари што ја смести на 40-тото место на листата на „Форбс“ за топ 100 славни милионери.