Глумицата влегува во кулинарските води: Скарлет Јохансон отвара ресторан за пуканки

Холивудската актерка Скарлет Јохансон отвара локал за пуканки во гастрономскиот главен град на светот, Париз.

Тоа сепак нема да ги нуди пуканките како што сите ги знаеме, туку во форма на егзотичните гурмански јадења кои самата Јохансон има намера да им ги послужи на своите клиенти.

За АФП портпаролот на ѕвездата од “Изгубени во преводот” дури издаде дека за време на отворањето на локалот во саботата таа ќе им предложи на ентузијастите и пуканки со тартуфи, пармезан и жалфија.

скалрлет јохансон

Екстравагантната идеја е плод на имагинацијата не само на Јохансон, која е обожавател на пуканките, но и на нејзиниот сопруг Роман Дурак.

За да се реализира сонот, двојката се обратила кон познатиот њујоршки шеф-готвач Вил Хоровитц кој помогнал за изготвување на екстраординерните рецепти.

Сите тие ќе се подготвуваат на едно место, а меѓу нив, на пример, се пуканки со морска сол и маслиново масло, како и со јагоди и крем.

скалрлет јохансон