Глуварче, моќна билка која го чува вашето здравје

Глуварчето со својата количина на витамини и минерали ги надминува спанаќот и морковот!

Исклучиво е богато со калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор и витамините А, Б, Ц и Д, како и со лековити горчливи супстанци кои го прочистуваат организмот од токсини.

Глуварчето ја подобрува работата на бубрезите и помага со инфекциите на уринарниот тракт. Помага за намалување на крвниот притисок, маснотиите и шеќерот во крвта. Помага при слабокрвност. Помага со кашлицата и други дишни тегоби.
Одлично е за детоксикација, слабеење и отстранување на целулитот.

Глуварчето е лековито од коренот до листовите. Берете го на ливади кои се далеку од патиштата и друг вид загадување.

Доколку ви е потребна целата билка, најлесно ќе ја наберете така што ќе го завлечете ножот под коренот и ќе ја извадите билката.

Ако пак ви се потребни листовите, најдобро е да ги берете од билките кои се уште не расцветале, бидејќи таквите листови се помалку горчливи. Свежите листови се одлични за подготовка на салата, но можат и да се додадат во рижото, тестенини, сосови, а со нив може да се збогатат и кашестите сокови.

За подготовка на чај, листовите од глуварчето треба да се исушат на место кое има доволно воздух и сенка.

Цветовите на глуварчето треба да ги берете во полно цутење, на сончево и суво време, околу пладне или кога се потполно отворени. Од нив можете да направите сируп, џем, ракија или да ги исушите за чај.

Коренот на глуварчето како сиров може да се додаде во салати, а и да се исуши за чај. Пред сушењето коренот треба да се исчисти од надземните делови и да се измие, а потоа да се наниже на издржлив конец и да се закачи на воздушно, темно и топло место. Исушениот корен е збрчкан, со сивкасто-бела боја, а кога ќе го пресечете, во средината е жолт.

Лековитите производи од глуварче може да се пронајдат и во готов облик, како што се чаевите и тинктурите кои се достапни во билните аптеки.