Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо се обложил со својот колега Том Харди пред прогласувањето на добитникот на Оскарот за главна машка улога, дека ќе ја добие наградата која толку долго ја чекаше.
Бидејќи се исполнило предвидувањето на актерот, на Харди му останало само да го исполни договорот и да истетовира нешто по желба на оскаровецот.
„Го изгубив облогот и сега морам да истетовирам „Лео знае се“. Има ужасен ракопис, па побарав поубаво да ја напише реченицата за да го исполнам договорот“, изјавил Том.