Го изгубил венчалниот прстен: Нема да ви се верува каде го пронајде

Кога ќе изгубите нешто и ќе го најдете после долго време сигурно сте многу среќни, тоа му се случило на овој 82 годишен германец кој го изгубил својот венчален прстен, а бил изненаден каде се појавил.

Додека работел во градината бил изненаден кога на еден морков го видел својот прстен.

Од репортажата на WDR, дознаваме дека кратко по прославувањето на 50 годишнината од бракот, овој човек забележал дека му го нема венчалниот прстен од раката, тоа било пред три години, одтогаш се труделе да го најдат и имале надеж дека ќе се појави негде.

Прстенот сигурно му испаднал додека работел на почвата, а сега е среќен што повторно го има, дури и се шали со поговорката „што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“.

прстен