Џенифер Анистон заедно со сопругот Џастин Теро уживаат на Бахамите, каде открија добро чувана тајна.
Актерката е бремена!
Анистон на плажа се појави во сино бикини кое го покажа нејзиното бремено стомаче, па јасно е дека парот го очекува своето прво дете.
„Таа и Џастин веќе некое време се обидуваат да имаат бебе. Конечно им успеа! Оваа вест доаѓа во тежок период за актерката бидејќи таа ја загуби својат мајка, но многу е возбудена за новата улога во животот“, вели извор блисок до парот.
44-годишната Џенифер сеуште не ги потврди вестите за бременост,а но фотографиите се тука.