Го преболе Костадин: Анастасија Ражнатовиќ веќе има ново момче!

Анастасија Ражнатовиќ не патеше долго по бившото момче Костадин Терзиќ, па тинејџерката веќе е во нова врска.

Таа две недели ужива со новото момче, чиј идентитет е се уште непознат, бидејќи Цеца ја советувала да не и го претставува на јавноста и да не објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

„Анастасија не очекуваше дека по раскинувањето со синот на Звездан Терзиќ толку брзо ќе се вљуби. Се сретна со момчето во еден клуб, каде што беа во исто друштво. Помеѓу нив проработи хемијата, па продолжија со дружење и наредните денови. Тие се во врска веќе две недели и се гледаат во станот на една другарка на Анастасија, каде што таа малтене живее, бидејќи во тој стан поминува повеќе време отколку во семејната куќа на Дедиње. Свесна е дека приватниот живот премногу ги обелоденува на социјалните мрежи. По советот на мајка и да не објавува се што проживува на Инстаграм, таа реши да ја послуша“, вели извор близок до тинејџерката.

цеца и анастасија

Во меѓувреме Костадин Терзиќ потполно се повлече гасејќи го својот профил на Инстаграм.

костадин и анастасија