Го „прекрши“ кралскиот дрес код: Кејт Мидлтон во фустан со длабоко деколте

Секое појавување на Кејт Мидлтон не остава без зборови, а таа без сомение е модната икона на кралското семејство.

Фустаните од тантела и се омилени, па за банкетот во чест на шпанскиот крал и кралица, војводката се одлучи за интересен фустан во розева боја.

Кејт го облече „најпровокативниот“ фустан досега, само поради длабокото деколте.

Ова е прв пат војводката на официјален настан да се појави вака, иако деколтето изгледаше отмено и културно.

Кејт за овој настан ја носеше и круната на принцезата Дијана.