Словенечкот сурфер Горан Јабланов минал 26 часа на олујно море и го преживеал невозможното, допливувајќи од Хрватска до италијанскиот брег.
Никој не може да се изначуди како овој 47-годишен маж од Љубљана, инаку професор по физичко, успеал да преживее во подивеното море и условите во кои, според зборовите на експертите, нормален човек може да преживее само 12 часа.
Италијански “Il Picolo” пишува дека морето го исфрлило Јабланов на плажата Коста Деи Барбари, кај местото Систијана, на 19 километри од Трст. Јабланов кога дошол до копното отишол до кафулето во близина и замолил да телефонира и се јавил во итна помош, која го однела во болница, од каде и се јавил на сопругата. Само неколку часа подоцна Словенецот бил пуштен на домашно лекување, пишува “Jutarnji List”.
Ucitelji sportne vzgoje pricakujemo ucinkovitost od dijakov, goran jablanov gimn. J.plecnika pic.twitter.com/wiXCyvpmSf
— Liljana Kač (@liljanakac) July 1, 2014
Горан преживеал 26 часа во студеното и диво море и препливал околу 40 километри. Кога дошол до брегот бил настинат и дехидриран, но во главно се чувствувал добро.
Да потсетиме, Јабланов со пријател од Хрватска одлучил да сурфа по дивите бранови, но многу брзо работите тргнале на лошо и двајцата завршиле во морето. Хрватот некако успеал да дојде до брегот, додека Словенецот го однело морето.
Шефот на словенската Цивилна заштита, Среќко Шестан, за “Pop TV” рекол дека клучна улога во неговото преживување, освен искуството и неверојатната физичка кондиција, одиграло и сурферското одело кое го носел и кое го спасило од смрт.
Му помогнала и релативно високата температура на морето за овој период од годината, но и тоа што не се одвојувал од даската со која влегол во морето.