Го удри автомобилот на Аца Лукас, а неговиот гест ќе ве воодушеви

Аца Лукас вчера попладне имал сообраќајна несреќа со млада девојка која наводно го предизвикала судирот.

Фолкерот не сакал да и бара оштета за неговиот автомобил, напротив најважно му било сите да се добро и набрзина поразговарал со полицијата бидејќи брзал поради работните обврски, дознава српски „Курир“.

Кога новинарот на српскиот „Курир“ му се јавил, бесниот Аца изјавил:

„Ма малку ме закачи детето, тоа не е ништо. Ма ајде не ме малтретирајте. Ме удри девојче. Ја пуштив да си оди и не сакав ништо да и земам. Зошто таа да ми плаќа? Не сте нормални. Не ми се пушта телевизор и не ми се чита ни весници. Ќе се иселам од земјава, жими мајка. Нормално ќе зборувам кога би ме повикале за да зборувам за нешто нормално, на пример кога ќе имам нова песна и така натаму“.

аца лукас