Холивудската актерка Џенифер Анистон изгледа како воопшто да не старее, ама тоа секако се должи на напорна работа, внимавање при исхраната и многу третмани.
Во текот на последниве 17 години таа има потрошено околу 1.47 милиони долари или отприлика по 86.827 долари годишно.
Актерката се држи до Аткинсоновата диета и е клиент на „Diet Designs“ уште од 2001-та година, а храната која ја јаде троши околу 384 долари на една недела.
За да изгледа така вечно млада, не е ниту лесна работа, ниту евтина.
Порано користела креми кои содржат алфа хидрокси киселини, а сега употребува CACI третман.
Овој третман чини 61 долар по сесија, што значи дека Анистон плаќа 734 долари во текот на една година за третмани на лицето.
Покрај тоа, таа плаќа и по 110 долари од еден час за да ѝ бидат ставени две струјни жици во лицето и да ѝ ја затегнат кожата.
Анистон е фан и на „Ultherapy“ третман кој подразбира подигнување на кожата без примена на хируршки зафат.
Третманот го прави на секои 6 месеци, а чини 917 долари.
Џенифер е и фитнес фанатик кој вежба 6 дена во неделата заедно со тренерот Менди Ингбер.
Џен троши околу 2.400 долари во текот на една година за да го има тој совршен лажен тен.
Ќе се соглаците дека ниту една жена после 40-ите години не си го сака својот врат, а Анистон не е никаков исклучок.
Таа троши 448 долари годишно за Euoko Fractional Neck Lift концентрат.
Анистон досега има потврдено две пластични операции на носот кои ги има направено кај докторот Раџ и за нив има платено 24.462 долари, а многу луѓе шпекулираат дека има направено и пластична операција на градите за која најверојатно ја платила околу 6.000 долари.