Состојки:
За тесто:
450 gr. Брашно
Масло за јадење
320 ml. топла вода
1 сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
За фил:
300 gr. спанаќ, обарен
100 gr. фета сирење
лажица путер
чешне лук, ситно сечкано
Подготовка:
Брашното просејте го во длабок сад, ставете ја солта. Во млака вода ставете ги сувиот квасец и шеќерот да се растопат. Кога квасецот ќе се запени, ставете го во садот со брашното. Замесете меко тесто и оставете го на топло да ја удвои големината.
Кога тестото ќе стаса, односно кога ќе забележите дека тестото се удвоило, поделете го на 8 еднакви топчиња и нив оставете ги да нараснат малку.
Обарете го спанаќот. Обарениот спанаќ исечкајте го на ситни парчиња. Ситно сечканото чешне лук ставете го тавче за пржење со малку масло да се запржи. Ставете го претходно убаво исцедениот и исечкан спанаќ. Сирењето згмечете го со вилушка и ставете го во спанаќот. Целиот фил убаво измешајте го. Зачинете со сол и бибер по вкус. Секое топче со сукало развлечете го што потенко можете. Филувајте на едната половина го со фил нанесен во тенок слој. Пржете на тивок оган.
Совет
Се полни со најразлични филови, во зависност од тоа што преферирате, еве неколку можности:
спанаќ, фета сирење и мелено месо
спанаќ, фета сирење и јајца
јајца
мелено месо
кашкавал
компири
печурки