„GQ“ одбра: Рајан Рејнолдс е маж на годината

Откако на почетокот на годината беше прогласен за најтатко во изборот на магазинот „People“, на актерот Рајан Рејнолдс му припадна и овогодинашната титула „маж на годината“ во изборот на магазинот „GQ“.

Рајан со своите 40 години, изгледа подобро од кога и да е, работата му цвета, како и бракот.

рајан рејнолдс

Еден од најпосакуваните мажи во Холивуд признава дека за добар изглед освен биологијата, заслужни се вежбањето и правилната исхрана.

Во интервјуто призна дека страдал од анксиозност откако заврши со снимањето на филмскиот хит во чијшто костим позираше и на странците на споменатото списание, под 4.300 долари вредниот костим на „Диор“.

рајан рејнолдс