Grapefruit lemonade crush: Коктел на кој тешко можете да му одолеете ова лето

Пред нас е долго и топло лето. Време за одмор, уживање покрај вода и пиење коктели.

За да се освежиме, на лето одбираме пијалоци кои може да ни ја изгасат жедта, а која покрај тоа имаат и одличен вкус во кој можеме да уживаме.

Вотката е еден од најпопуларните пијалоци во светот, а се верува дека тоа е така поради нејзиниот неутрален вкус, погоден за мешање со различни пијалоци.

Последните години многу се популарни вотките со вкус, главно овошни вкусови, кои често се база за летните коктели.

Нискиот процент на алкохол, слаткиот вкус кој ја неутрализира горчината на алкохолот, различните вкусови во бои кои носат забава, се бенефитот кој овој пијалок го носи.

За топлите денови и ноќи кои доаѓаат, ви го препорачуваме освежителниот коктел Grapefruit lemonade crush.

Основните состојќи на овој коктел се вотка со вкус на грејпфрут, лимонов сок, шеќерен сируп и лимон сода.

Коктелот се прави со шејкер, се служи во голема долга чаша преку издробен лед, а се гарнира со парчиња грејпфрут.

Коктелот Grapefruit lemonade crush е интересен летен пијалок кој навистина може да ја изгаси жедта.