Грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро

Шминката може да ве направи по самоуверени, секако и поубави ако знаете како правилно да ја нанесете.

Но, во случај прекумерно да нанесете пудра или пак да си ги исцртате усните би можело тоа да ве чини да изгледате неколку години постаро.

Ова се 10-те најчести грешки кои прават да изгледате постаро. Променете ги на време:

1. Нанесувате пудра многу потемна од бојата на кожата.

2. Ставате дебел слој маскара на долните трепки.

3. Одбирате кармин кој не ви одговара на тенот.

4. Ставате премногу темна сенка низ целиот очен капак.

5. Го исцртувате внатрешниот дел од очите со црно моливче.

6. Ставате руменило или бронзер на јаболкниците наместо на образите.

7. Претерувате со исцртување и пополнување на веѓите.

8. Заборавате да ставите коректор на подочниците.

9. Ги исцртувате усните со моливче кое драстично се разликува од природната боја.

10. Користите премногу камена пудра и го криете природниот сјај на кожата.