По изјавата на Раста, се огласи и Ана Николиќ: „Грешките се за аматери, јас правам катастрофи“

Само што се венчаа, а на Стефан Џуриќ Раста веќе му е мака од бракот со Ана Николиќ.

Раперот бил непријатно изненаден и нагласил дека животот му се претворил во пекол откако станал маж на пејачката.

„Не ја сакам ваквата популарност. Никогаш не сум ги користел медиумите за да имам успешна кариера. Работам во Србија одамна, а мојот успех го направив на интернет. Песните не ги рекламирав на телевизија или по магазините, зашто немаше потреба од тоа. Ова сега е лудо. Не можам да излезам од дома, а да не ме чекаат новинари.“, изјави Раста.

Ана Николиќ и Раста

По оваа изјава на Раста, пејачката на Инстаграм објави цитат, кои повеќето го протолкуваа како одговор на изјавата на нејзиниот сопруг.

„Грешките се за аматери, јас правам катастрофи“, гласеше пораката на Ана.

????????????…moja !

A photo posted by ANA NIKOLIĆ (@ananikolicofficial) on