Во време на пандемија со корона вирус сите бараат најразлични опции за работа но и забава надвор од нивните домови.
Пандемијата на Ковид-19, донесе и нов начин за забава на Грците – настани на отворено што се следат од автомобили.
Киносалите се затворени, а од вчера вратите ги отворија само летните кина, додека пак за одржување концерти или пак отворање на ноќните клубови за жива музика е се уште рано, па така неколку атински општини веќе најдоа алтернативни решенија – концерти и проекции на филмови што се следат од возило, јави дописничката на МИА од Атина.
Првиот концерт ваков концерт ќе се одржи вечерва. Популарната грчка пејачка Натаса Теодориду, ќе настапи на општинскиот стадион во една атинска населба, а според медиумите, за 400 места за автомобили, биле пријавени над 2.100 лица.
Концертот ќе биде бесплатен, пејачката ќе пее без надомест, а посетителите можат да донесат храна и лекови наменети за социјалните структури на општината.
За љубителите на филмот, кино на отворено од автомобил, организираат општина од западниот дел на Атина, но и атинско радио.