Хакиран бил Твитер профилот на Сони Мјузик, а хакерите објавиле неколку лажни вести, меѓу кои и дека познатата пејачка Бритни Спирс починала, соопшти компанијата.
Медиуми веднаш почнаа да ги пренесуваат „твитовите“: „RIP @britneyspears”, „#RIPBritney 1981-2016″.
Претставникот на Сони потврди дека профилот бил нападнат, како и дека тоа било набрзо поправено.
Продукцијата и се извини на поп ѕвездата и нејзините фанови за вознемирувањето.