Принцот Хари и Меган Маркл вчера официјално објавија дека се свршиле, а парот пред Кенсингтонската палата прв пат се фотографираше заедно.
По нивното официјално појавување и интервју сите гледаа во вереничкиот прстен на актерката.
Прстенот има посебна посвета на принцезата Дајана.
Наводно, принцот Хари лично го дизајнирал овој прстен кој содржи два дијаманти од личната колекција на принцезата. Во средина на прстенот има дијамант од Боцвана, земјата која има посебно значење за Хари.
Според најавите од палатата двојката ќе се венча на пролет 2018-та година.