Харисон Форд избегнал авионска несреќа

Славниот актер Харисон Форд за малку ќе предизвикал тешка авионска несреќа.

Форд летајќи во својот приватен авион за малку ќе предизвикал судар на аеродромот „Џон Вејн“ во Калифорнија.

74-годишниот актер направил кардинална грешка и, како што пишува Ен-би-си, ја заменил лентата за полетување со лентата за слетување и при слетувањето пролетал непосредно над авионот „Боинг 737“ на „Американ ерлајнс“ во кој во тој момент биле 110 патници и членовите на екипажот.

харисон форд

Сојузната агенција за воздухопловство веднаш почнала да го истражува овој инцидент, а се зборува дека актерот, ако се покаже дека е виновен, би можел да ја изгуби пилотската дозвола.

Тоа не е првпат Форд да има невољи при пилотирање, така што пред две години беше тешко повреден при принудно слетување на голф игралиштето откако на авионот со којшто управувал му откажал моторот.

харисон форд