Познатиот холивудски актер, Ештон Качер освен што не засмејува во најпознатите комедии, тој е ангажиран и како инвеститор и хуманист.
Ештон инвестирал во компании како што се Skype, Foursquare, Airbnb.
Заедно со неговата поранешна сопруга, Деми Мур актерот во 2008 година ја направил најхуманата инвестиција во својата кариера.
Качер започнал кампања против продажбата на жени и детската порнографија наречена “Thorn”.
Од основањето на “Thorn” успеале да спасат над 6.000 жртви и да уапсат преку 2.000 криминалци кои кои користеле познати социјални мрежи како Фејсбук.