Химелајска или морска сол, која е разликата?

И хималајската и морската сол можат да се најдат во многу домаќинства што не е воопшто чудно бидејќи се сметаат за поздрави од обичната готварска сол. Но, која е разликата помеѓу нив?

Хималајската и морската сол имаат неколку заеднички карактеристики, но помеѓу нив постојат и важни разлики.

Хималајската сол се наоѓа во регионот Пуњаб во Пакистан каде што тој обоен камен сол се минира и се употребува повеќе од илјада години. За разлика од хималајската сол или готварската, морската сол не се екстрахира од минерално таложење, туку директно од морската вода.

Прочитајте ги и другите нивни разлики, и дознајте која е подобра за вас.

Боја

Хималајската сол има розова боја која ја добива од камените рудници, а таа доаѓа од богатата концентрација на железо. Морската сол се наоѓа во различни нијанси, од зелена и црвена до сива и црна. Со оглед на тоа дека се екстрахира од мориња низ светот, бојата и вкусот на солта ќе зависат од минералниот состав и алгите.
Хемиски состав

Составот на хималајската сол во најголемиот дел содржи натриум хлорид по што всушност е доста слична на готварската и морската сол. И двете се природни и затоа можат да содржат минерални нечистотии, како на пример големо ниво олово и бакар, како и последици од загаденост на околните места.

Вкус

Кога станува збор за соленоста, помеѓу нив нема голема разлика. Општо, солта во гранули ќе соли повеќе, а колку тие се поголеми толку повеќе ќе соли. Поради влијанието на минералите, и хималајската и морската сол имаат почист вкус од готварската сол. Природните соли немаат толкава острина како готварската сол кога се користат во јадењата.

Текстура

Морската сол има природна влажност и помека текстура односно во храната побрзо се раствора од хималајската. И двете имаат погруба текстура од другите поради што често се користат како последни во зачинување на храната. Нивната текстура ги прави совршени за користење во расол и маринада.

Здравствени придобивки

Преработка: За да биде безбедна за консумирање, хималајската сол треба да се преработи и прочисти исто како и обичната готварска сол. После преработката во хималајската сол остануваат одредени состојки кои се корисни за човечкото здравје, а кои готварската сол ги нема. Од друга страна пак, морската сол настанува од испарување на морската вода со помош на сончева топлина, а процесот на преработка трае пократко од преработката на хималајската сол.

Минерали: Хималајската сол содржи железен оксид и други минерални траги. Морската сол исто така содржи некои минерали и траги на калиум, железо и цинк.

Сулфати: Според некои тврдења, потемната морска сол содржи повеќе сулфат поради што е и поздрава.