Еден купувач успеа за само неколку минути во продавницата за бела техника да уништи четири телевизори вредни 5.500 евра.
Несреќното момче клекна меѓу четири телевизори, гледајќи еден од изложените примероци и случајно го бутна, а тој падна и сруши уште еден телевизор.
Момчето од страв направи чекор назад и таму бутна уште два телевизори.
Видеото е направено пред неколку години но сеуште е хит на социјалните мрежи.