Хит на Интернет: Фотошоп пародии за вратоврските на Доналд Трамп

Претседателот на САД е познат по неговите вратоврски, кои се невообичано долги.

За секоја прилика тој има различни вратоврски, кои се подолги од стандардните.

На прашањето зошто носи вратоврски со таа должиона, тој одговори: „Јас мислев дека тоа е во мода“.

Но, неговите вратоврски станаа предмет на пародија.

На Твитер има профил под наслов „Вратоврските на Трамп“, кој досега има веќе 23.700 следбеници.

На овој профил се наоѓаат голем број фотографии каде се прикажани вратоврските на Трамп обработени во фотошоп.