Хит на интернет: Ги продала ајфоните што ги добила на поклон и си купила куќа

Една млада Кинезинка купила куќа откако ги продала дваесетте ајфони, кои ѝ ги подарлиле нејзините момчиња.

Приказната дошла во јавноста преку социјалните мрежи, а ја пласирала некоја анонимна жена потпишана со псевдоним Шаоли.

Според Шаоли, таа имала време да оди со 20 момчиња истовремено и била способна сите да ги убеди да и купат по еден iPhone 7, кој во моментов е меѓу најскапите на пазарот во целиот свет.

ајфон 7

Итрата заводничка ја објавила продажбата на телефоните на сајтот Шоу-бао, за кусо време ги продала, од што заработила 15.000 евра кои веднаш ги уплатила како депозит за купување куќа во периферијата на градот.

„Не сум од богато семејство. Мајка ми е домаќинка, а татко ми е физички работник. Јас сум најстарата ќерка и морам сама да се снаоѓам. Родителите ми се се постари и морав да направам нешто“, пренесува Би-Би-Си.

ајфон 7