Социјалните мрежи во Кина се преплавени со снимката од една луда ситуација која се случила во една продавница за Ајфон.
Имено, едно момче ги купило сите телефони Ајфон 7 телефони и ги искршил со чекан, а сето тоа го направил поради една реченица.
Како што пишуваат тамошните медиуми, момчето наводно од менаџерот побарал да му се поправи мобилниот кој неодамна го купил од таму.
Менаџерот го одбил и ,у рекол на момчето дека може да си купи нов мобилен, но доколку нема пари, стариот да го даде да му го поправат на друго место.
Навреден што ја довел во прашање неговата имотна состојба, момчето од џебот извадил пари и ги купил сите мобилни телефони и во тој момент почнал да ги крши.