ХИТ ВИДЕО: Пораката за Роналдо на дедо Ставре од Крушево ја виде целиот свет

Крушевчанецот Ставре Топузовски, легендарен директор на Музејот на Крушево, испрати порака до фудбалерот Кристијано Роналдо, преку репортерката Глорија Марија од Глобо Репортер.

– Роналдо, сакам да ми пратиш една голема фотографија оти многу те сакам. Јас ќе се фалам: Еј, Роналдо ми прати. Јас ги сакам жените цел век, 90 години, и уште ги сакам. И Роналдо да ги сака. Жената е благословена од Бога, му порачува легендарниот Топузовски на фудбалската легенда Роналдо.

Погледнете ја и слушнете ја пораката од Топузовски на македонски и со превод на португалски.