Лекарите му открија повторно базално-клеточен карцином на 48-годишниот актер Хју Џекман и сега е потребно да работат на лицето.
Ова е втора операција за Џекмен.
Ѕвездата од “X-Men” беше за првпат дијагностицирана со рак во 2013 година, а јавноста дозна за тоа, откако тој објави на социјалните мрежи своја слика со преврзан нос.
Кога за прв пат актерот дозна дека има рак на кожата, тој реагираше оптимистички и дури изјави дека во неговата родна Австралија тоа е една од најчестите дијагнози.