Холивудските актери, убавата Шарлиз Терон и големиот заводник Бред Пит околу еден месец се заедно.
Според дел од медиумите, иако се кратко во врска тие веќе се неразделни и важат за најубавиот и најатрактивниот пар во Холивуд.
-Еден период биле многу блиски пријатели за потоа меѓу нив да се развие нешто многу повеќе од тоа пријателство и да одлучат да запливаат во романса. Поради тоа што уште се на почетокот, не сакале за својата љубов да зборуваат ништо, раскажал за медиумите извор близок до Шарлиз и Бред.
Интересен е и фактот што ги запознал поранешниот свршеник на убавата актерка, популарниот актер Шон Пен.