Хотелот на Роналдо: Eве како изгледаат собите во него (фото)

До крајот на оваа неделава, фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ќе го отвори својот хотел со пет ѕвездички, „Пестана ЦР7“.

Доколку случајно се најдете во неговиот роден град Фуншал на островот Мадеира и располагате со 214 евра за сместување за една вечер, ќе имате навистина луксузен престој.

кристијано роналдо хотел

Хотелот е посебно дизајниран за патниците што припаѓаат на т.н. „миленијалс“ генерација, а доколку не сте фан на Роналдо, тогаш ентериерот на собите и нема баш да ви се допаѓа, бидејќи тие изобилуваат со предмети и реквизити кои се инспирирани од кариерата на ѕвездата на Реал Мадрид.

Некои соби имаат теписи кои изгледаат како трева на фудбалски терен.

кристијано роналдо хотел

Хотелот ќе располага со вкупно 48 соби со безжичен интернет, модерни тушеви и осветлување со потенциометар.

За изнајмување на најскапите „ЦР7“ апартмани ќе ви бидат потребни 683 евра за вечер, а во нив ќе има конзоли „Плејстејшн 4“.

Во рамките на хотелот ќе има фитнес-центар и сауна.

На покривот на хотелот се наоѓа и базен, кој нуди прекрасен поглед на градот и пристаништето.

кристијано роналдо хотел

кристијано роналдо хотел

кристијано роналдо хотел

кристијано роналдо хотел

кристијано роналдо хотел