Мерием Узерли која го освои целиот Балкан како Хурем од серијата „Величествениот“, реши да се мажи!
Актерката еден период беше во тешка депресија oткако нејзиниот вереник Кан Атеш ја остави за време на бременоста.
Но, сега конечно Мерием ја најде среќата, со 17-години постариот бизнисмен Алп Озкан.
Парот планира венчавка на есен, а како што вели нивен заеднички пријател тие се сложуваат во се, а Алп ужива да поминува време со ќерката на актерката.