Сoстојки:
500 гр брашно
30 грама свеж квасец
2 лажички шеќер
1.5 лажичка сол
6 лажици масло
300 мл млеко
Подготовка:
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои. Откако ќе нарасне, тестото разделете го на мали топчиња. Секое топче се рассукува и се филува со фил по желба. Се преклопува и со помош на вилушка се затвора за да не истече филот.
Панцеротите се пржат во врело масло, кратко, додека заруменат!
Добар апетит!