Идеално за периодов: Рецепт за греано вино од Џејми Оливер

За си­те вас што сте во пот­ра­га по усов­ршу­ва­ње на до­се­гаш­ни­от оми­лен на­пи­ток – ви­ното, ви го до­не­сува­ме ре­цеп­тот на слав­ни­от бри­тан­ски­от гот­вач Џеј­ми Оли­вер.

Сос­тојки:

2 ман­да­рини (Клементини)

1 ли­мон

1 ли­мет

200 г ше­ќер

6 ка­ран­фил­чиња

1 стап­че ци­мет

3 ло­во­ров лист

1 стап­че ва­нила

2 ѕвез­дас­ти аниси

2 ши­ши­ња цр­ве­но вино

Под­го­товка:

1. Излу­пе­те ги ман­да­ри­ната, ли­метата и ли­мо­нот и исеч­кај­те ги на ма­ли пар­чиња. Во го­лем сад ста­ве­те ше­ќер и со лес­но ме­ша­ње ос­та­ве­те да се ис­то­пи на сред­на тем­пе­ра­тура, по­тоа до­дај­те ја ко­ра­та од цит­ру­сот, па се­то тоа за­лиј­те го со сок од ман­да­рина.

До­дај­те го ка­ран­фил­чето, стап­че­то ци­мет и ло­во­рот. Стап­че­то ва­ни­ла исе­че­те го по дол­жи­на и до­дај­те го во са­дот, крат­ко про­ме­шај­те ја сме­са­та и пре­лиј­те ја со ви­но тол­ку кол­ку да се пок­ри­јат си­те сос­тојки.

2. Оста­ве­те на ти­вок оган сме­са­та да се ва­ри око­лу пет ми­ну­ти до­де­ка ше­ќе­рот не се рас­топи, по што ќе до­би­е­те густ си­руп. До­би­е­ни­от си­руп е ба­за за сов­рше­но вкус­но ва­ре­но ви­но од кое ос­та­то­кот од ал­ко­хо­лот до­пол­ни­тел­но по­ме­шан на овој начин не­ма да из­вет­рее.

3. Ко­га ва­ши­от си­руп ќе попри­ми кре­мас­та струк­тура, на­ма­ле­те го ог­нот и во са­дот до­дај­те зачин анис и си­пе­те го ос­татокот од ви­ното. Тив­ко заг­ре­вај­те око­лу пет ми­ну­ти вни­ма­вај­ќи да не зов­рие, по­тоа ви­но­то на­то­че­те го во ча­ши и по­слу­же­те го.

СО­ВЕТ: Сос­тој­ки­те во ре­цеп­тот мо­же­те да ги на­ма­ли­те или да до­дај­те не­кои свои оми­ле­ни во за­вис­ност од вку­сот што го пре­фе­ри­рате. Нај­важ­но е да ја сле­ди­те по­ста­пката на при­гот­ву­ва­ње­то на си­ру­пот, кој е ба­за за сов­ршен вкус на ва­ре­но вино.